КГЛ Олимпијада Македонија СОУ “Гимназија Кочо Рацин” Велес и Здружението на наставници ЛИНГВА АРТ, ги поканија сите заинтересирани ученици на Меѓународната Олимпијада по Англиски јазик на која за прв пат ќе имаат можност да се натпреваруваат учениците од основните и средните училишта во Република С. Македонија.
Учениците може да се натпреваруваат на различно ниво и возраст, т.е од 9 – 17 години на различни нивоа од Pre-A1, A1, A2, B1 и B2. Сите ученици се стекнуваат со меѓународно признат сертификат за нивото во кое се натпреваруваат. Натпреварување се одвива во 2 фази:
- 1 фаза се одржува на 15.02.2025
- 2 фаза се одржува на 15.03.2025
Глобалниот настан се одржува на 2 – 3 – 4 Октомври 2025 година. Наградените ученици бесплатно продолжуваат на глобалниот настан. Учениците кои ќе
освојат од 1 – 3 место се достојно наградени. Тестовите се спроведуваат од меѓународниот орган за тестирање (ITA), кој обезбедува високо квалитетни процени кои се фер и еднакви за сите ученици.
Учениците немаат скриени трошоци по еднократната платена котизација за учество.
Од нашето училиште СОУ “Гимназија Добри Даскалов Кавадарци” се пријавија вкупно 14 ученици за B2 ниво, сите од I-ва година и тоа:
- Ана Коцева
- Весна Ѓорѓева
- Кирил Танчев
- Мартина Нанева
- Михаела Михова
- Елисавета Колева
- Марија Делова
- Андреа Грозданова
- Дамјан Павлески
- Марко Плачков
- Трајче Талев
- Стефанија Честојнова
- Благица Тасева
- Андријана Пенчева
Овие ученици учествуваат на првото тестирање што се одржа на 15.02.2025 во 11:30 часот во просториите на гимназијата Кочо Рацин во Велес.
Во втората фаза поминаа 5 ученици и истите се натпреваруваа на 15.03.2025, исто така во гимназијата Кочо Рацин во Велес со почеток во 16 часот. Тоа беа учениците: - Марија Делова
- Дамјан Павлески
- Марко Плачков
- Трајче Талев
- Андријана Пенчева
Резултатите од втората фаза беа објавени на 11.04.2025 и според нив нашиот ученик Трајче Талев го освои првото место од B2 ниво со што се пласира за глобалниот настан што ќе се одржи во почетокот на Октомври месец во Република Грција.
Сите ученици кои учествуваа во првото ниво добија сертификати во електронска форма а оние од втората фаза ќе ги добијат истите на 25.04.2025 година.
Ментор на овие ученици што земаа учество е професор по Англиски јазик Ленча Анѓушева – Чаушева
Дата
14.04.2025 година