УЧЕНИЦИ ВО УЛОГА НА СОВЕТНИЦИ-СИМУЛАЦИЈА НА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИ СОВЕТ

На ден 08.05.2025 година во Младинскиот центар во Кавадарци , ученици од клас II-7  при СОУ Гимназија „ Добри Даскалов “ Кавадарци учествуваа во симулација на седница на општински совет, настан организиран од Лидери за едукација, активизам и развој – LEAD  со цел да се зајакне разбирањето за демократските процеси и улогата на локалната самоуправа.

Во рамки на симулацијата, учениците ги презедоа улогите на општински советници и активно дискутираа за важни теми како што се уредувањето на јавните простори, заштитата на животната средина и за локалниот економски развој.Тие изнесуваа предлози, предлагаа решенија и гласаа за одлуки, исто како на вистинска седница на советот.

Овој настан беше одлична можност за развој на критичко размислување, јавен настап и граѓанска свест кај младите. Преку практична симулација, учениците научија повеќе за демократските процеси и важноста на вклученоста во заедницата.

Настанот заврши во позитивен дух, со надеж дека младите учесници еден ден ќе бидат вистински носители на промени во општеството.