На 10.05.2025 година на Природно- Математичкиот факултет во Скопје се одржа дванаесетиот Државен натпревар по биологија за средните училишта.
Учениците од нашата гимназија и оваа година по 12-ти пат учествуваа на натпреварот и постигнаа одлични резултати. Уште еднаш покажавме дека сме меѓу најдобите училишта во нашата држава.
Од нашата Гимназија „ Добри Даскалов“ учествуваа 17 ученици под менторство на проф. Богде Коцева и проф. Елизабета Иговска. Од сите учесници 13 се закитија со награди, 1 пофалница и 2 учества. На учениците им посакуваме успеси и понатаму, добро здравје и амбиции за постигнување на нови цели.
На крај, една убава мисла од Леонардо Да Винчи за нашите вредни ученици.
„ Учењето никогаш не го исцрпува умот, само го збогатува твојот свет“.
