На 02.10.2025 година во нашето училиште успешно се спроведоа изборите за претседател на Ученичкиот совет. Оваа година интересот беше голем, за функцијата се пријавија три ученички: Гордана Клинчарова, Тамара Танчева и Александра Тодорова. Кандидатките се претставија пред членовите на Ученичкиот совет со своите идеи и планови и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да се пријават за оваа функција.
Гласањето се одвиваше тајно, со што секој ученик имаше можност слободно да го изрази својот избор. На овој начин учениците покажаа одговорност, демократски дух и активно учество во животот на училиштето.
По пребројувањето на гласовите за нов претседател на Ученичкиот совет беше избрана ученичката од четврта година Гордана Клинчарова, која ќе ја претставува ученичката заедница и ќе соработува со наставниците и директорот за унапредување на ученичкиот живот.
Седницата ја водеше Ивана Секуловска, а освен членовите на Ученичкиот совет присуствуваа и директорот на училиштето М-р Зоран Милевски, професори и претставници на стручната служба.
Директорот на училиштето на сите кандидатки им честита за храброста и иницијативата, а на новата претседателка ѝ посака успешна работа, многу реализирани идеи и добра соработка.






