СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се врати со две значајни признанија од 34. Меѓународен фестивал на уметноста, кој оваа година обедини повеќе од 3000 учесници од различни земји.
Учениците се претставија со театарската претстава „Татковиот дом“, чија режија ја потпишуваат професорките Васка Петкова и Гордана Еленова. Претставата работена по текст на Горан Стефановски, привлече особено внимание кај жирито.
Во конкуренција на голем број драмски групи од регионот „Татковиот дом“ ги освои присутните, обезбедувајќи си убедлива победа. Дополнително, Александар Стојков за улогата на Димитрија ја доби специјалната награда за најдобра машка улога-признание што го потврдува неговиот талент и посветеност.
Овој двоен триумф претставува уште една потврда за квалитетот и континуираната работа на драмската секција во училиштето.






