По повод 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права, ученичкиот правобранител, Влатко Јосифов, организира едукативна и интерактивна работилница посветена на промовирањето и заштитата на правата на секој ученик. Настанот беше одржан во просториите на нашето училиште и присуствуваа ученици од различни паралелки кои покажаа голем интерес и активност.
Работилницата започна со кратка презентација за значењето на човековите права, нивното историско развивање и важноста од нивно почитување во училишната средина. Преку дискусија, учениците ги споделија своите ставови за тоа како секојдневно се соочуваме со различни ситуации во кои правата можат да бидат загрозени, но и како можеме да придонесеме за подобра, побезбедна и порамноправна заедница.
Работилницата заврши со заеднички заклучоци и договор за понатамошни активности што ќе ги спроведе ученичкиот правобранител, со цел поголема информираност и вклученост на учениците.
Настанот уште еднаш го истакна значењето на дијалогот, почитувањето и активното учество како основа за почитување на човековите права во училиштната заедница.





