Гимназијата „Добри Даскалов“ беше еден од домаќините на XXXIV Регионален натпревар по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија, кој се одржа на 1 март 2026 год. Натпреварот се одржа на пет локации и тоа: Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ Скопје, СОУ„Јане Сандански“ Струмица, Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп и ПСУ „Јахја Кемал“-Струга
Во просториите на Гимназијата „Добри Даскалов“ учествуваа 20 учесници од Кавадарци, Неготино, Велес, Битола, и Гевгелија.
Програмирањето е важен дел од креирањето на критичкото размислување за секој ученик и развивање на идеја, постапка, односно алгоритам за решавање на одредена зададена задача. Затоа Гимназијата „Добри Даскалов“ секоја година учествува со свои ученици на натпреварите по информатика МЕНДО – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ.
На регионален натпревар што се одржа на 01.03.2026 год. учество земаа следниве ученици Крстев Андон I-3, Милков Филип II-4, Павел Мукаетов III-2, Бадев Александар III-4, Василев Кирил IV-4, и Клинчаровa Гордана IV-4 под менторство на професорите по инфроматика Благородна Лазова и Наталија Камчева.
За учество на државниот натпревар се пласираа учениците Крстев Андон I-3, Милков Филип II-4 и Бадев Александар III-4,а останатите ученици добија пофалба за успешно учество.
XXXVII државен натпревар по информатика ќе одржи 28.03.2026 на факултетот ФИНКИ.
Им посакуваме успеси на учениците на натпреварите што следуваат.


