Kако првонаградени на Регионалниот натпревар по географија, одржан на 05.02.2026 година, ученикот Трајче Шатков од II – 4 клас и ученичката Благица Петрова од I-5 клас, во СОУ Гимназија “Добри Даскалов”- Кавадарци, се пласираа за учество на Државен натпревар кој се одржа на 26.03.2026 година на Природно-математичкиот факултет, во просториите на Институтот за географија во Скопје.
Учениците, учесници на натпреварот од сите средни училишта од републиката се натпреваруваа во повеќе категории, согласно годината на образование и типот на училиште.
Со особена гордост известуваме дека нашите ученици Шатков Трајче и Петрова Благица , под менторство на професор Валентина Димитрова , постигнаа извонреден успех, освојувајќи II место на овој престижен натпревар:
Шатков Трајче – (втора година,гимназиско образование) со освоени 95 поени, II место и
Петрова Благица – (прва година, гимназиско образование) со освоени 88 поени , II место
Со своето знаење, посветеност и одлична подготовка тие достојно го претставија училиштето и покажаа високо ниво на географска писменост и аналитичко размислување.
Овој успех е резултат на нивниот континуиран труд, љубов кон предметот географија.
Им честитаме на учениците за постигнатиот резултат и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.


