На ден 19.11.2026 година во СОУ Гиманзија „Добри Даскалов“- Кавадарци, претставници од Министерството за внатрешни работи – ОВР Кавадарци, Одделението за превенција, одржаа едукативно предавање на тема:
„Врсничко и сајбер насилство“.
Преку разговор и едукативни содржини, учениците имаа можност да се запознаат со различните форми на врсничко насилство, ризиците и последиците од насилството во дигиталниот простор, како и со начините за препознавање, спречување и навремено пријавување на ваквите појави.
Посебен акцент беше ставен на важноста на меѓусебното почитување, одговорното користење на социјалните мрежи и градењето безбедна и поддржувачка училишна средина.
Со ваквите активности училиштето продолжува да ја поттикнува свеста кај младите и да придонесува кон создавање средина во која за насилството нема место.

