На 21.11.2026 година на Хемискиот факултет во Скопје,нашите ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов “од Кавадарци и оваа година зедоа учество на манифестацијата „Ноември – месец на науката“, организирана од Природно – математички факултет (Институт за биологија) во Скопје.
Преку своите научни експерименти, истражувачки активности и презентации, учениците имаа можност да ја покажат својата љубопитност, креативност, истражувачки дух и интерес за природните науки и достоинствено да се натпреваруваат со учениците од цела наша држава.
Учеството на оваа манифестација претставува можност за стекнување нови знаења и искуства, размена на идеи и поттикнување на научното размислување кај младите. Особено сме горди на трудот, посветеноста и постигнатите резултати на нашите ученици, кои со своето учество го претставија училиштето на еден достоинствен начин.
Учениците ги постигнаа следниве резултати:
Прва награда – биологија (истражување и постер) : Трајче Шатков(III-4) и Панче Стојанов (III-5), ментор проф. Богде Коцева;
Втора награда– биологија (експеримент и презентација): Стефанија Честојнова и Трајче Талев, ученици од III-2 клас, ментор проф. Богде Коцева;
Трета награда – биологија (експеримент): Ангела Ѓерѓева и Евгенија Стаменова од IV-5, ментор проф. Анкица Деков;
Втора награда хемија (експеримент) : Кристина Биковска и Тамара Златева од IV-5,ментор проф. Даница Пецова;
Трета награда – хемија (експеримент): Благица Младеновиќ од IV-5, ментор проф. Даница Пецова;
Други ученици кои учествуваа на натпреварот се: Зорана Недева,Елеонора Сеизова, Андреа Богева, Матеја Кузева, Сара Мешкова сите од III -5,Марија Делова од III-4, Лилјана Лазова од IV-3, Мите Лазов и Андон Крстев од II-3 и Божидар Давидовски од IV-5 .
Други ментори кои учествуваа на натпреварот се: проф. Соња Попова и проф. Наде Лазова.
Им честитаме на сите учесници за вложениот труд и постигнатиот успех, со желба за уште многу нови научни предизвици и успеси!
Науката започнува со љубопитност, а напредокот со истражување!












