Ја започнуваме новата учебна година со свечен пречек на учениците од прва година

Денес во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци ја започнавме новата учебна година со свечен пречек на учениците од прва година.

Директорот на гимназијата им порача на учениците да бидат отворени за знаење, храбри пред предизвиците и посветени на своите цели.

Воедно, беа доделени и признанија за нашите матуранти:

🏆 Диплома за Ученик на генерацијата 2021–2025 се додели на Тодор Пењушков.

🎖️ Признание за континуиран успех и активно учество во воннаставни активности се додели на Марија Вчкова.

Им посакуваме на сите ученици успешна и мотивирачка учебна година!