Акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“


Објавено на: 22.11.2012

На 21.11.2012 година (среда) по 10 пат се реализира јубилејната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, под мотото „Спортски е да се сади“.

PB210787_640x489

Учениците и вработените од нашето училиште активно се вклучија во акцијата. Согласно насоките од Локалната Самоуправа на град Кавадарци, дел од учениците со организиран превоз беа на пошумување на Депонија Мелци во две смени.

PB210788_640x480

Останатите ученици и вработените акцијата ја спроведоа во училиштнот двор. Покрај садењето на декоративни садници, учениците беа организирани и во активности за чистење на училиштниот двор и собирање отпадоци и суви лисја во дворот.

Како и секоја година, така и оваа година акцијата беше успешно реализирана, а резултатите беа јасно видливи.

PB210797_640x480