Nedela-borba-protiv-sidata-1

Активности по повод неделата на борба против СИДА-та

Во нашето училиште на 1 Декември, Светскиот ден на борба против СИДА-та се реализираа врснички едукации под менторство на училишниот психолог. На работилниците беа изнесени битни информации за ХИВ/СИДА, нејзиното развивање, пренесување и превенција. Всушност,   појдовна основа во разговорот и дискусијата беа добиените податоци од спроведениот прашалник за учениците на тема ХИВ/СИДА.

Беа нагласени превентивни пораки кои средношколците треба да ги знаат и почитуваат. Исто така беа изготвени одлични флаери, кои се надеваме дека ќе придонесат во отстранувањето на ризичното поведение и во развивањето и негувањето на здравите животни навики.

На крајот учениците пополнија прашалник за евалуација на работилницата, а некои од добиените податоци ќе се искористат за реализирање на едукативни активности и на други теми.

    Nedela-borba-protiv-sidata-1

Nedela-borba-protiv-sidata-2