Биомониторингот-ефикасен начин за детекција на емисиите од тешки метали во воздухот
Објавено на: 25.12.2010
Постоечките проблеми од областа на загадувањето на воздухот со тешки метали се секогаш актуелни, а во последно време и главна мисија и борба на многу луѓе во светот. Со цел да не се игнорираат опасносните загадувачи на воздухот, на 25 декември, 2009 год., во просториите на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци се оддржа предавање на тема „Биомониторинг на загадување на воздухот со тешки метали во Република Македонија“.
Предавањето го одржа професор доктор Трајче Стафилов, редовен професор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, додека со своето присуство не удостоија, академик Бојан Шоптрајанов и проф. д-р Лидија Шоптрајанова.Учениците од хемиската секција, под менторство на Даница Максимоска, професор по хемија, успешно го реализираа проектот. Со ова предавање се продолжи 12 годишната традиција на предавања од областа на хемијата, кои секогаш се организираат на актуелни и интересни теми.
Загадувањето како проблем од денешницата не смее да се запоставува, па затоа беа презентирани дел од анализите во врска со загаденоста. Состојбата се следи со помош на сегменти од организми кои даваатен информации за застапеноста на тешките метали во воздухот, во зависност од честиците од тешки метали кои се акумулирале во овие организми. Таква акумулациона особеност имаат лишаите, игличките од бор, кората од дрвото, а најмногу се издвојуваат мововите. Во Македонија постојат 73 локации каде се собираат примероци од мов и се преработуваат во Институтот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Врз основа на тие податоци се изготвуваат атласи во кои се сумираат резултатите. Досега се изготвени геохемиски атласи за Кавадарци и Велес.
Топилницата во Велес беше најсилниот загадувач со тешки метали (олово, кадмиум, цинк) во нашава земја. За неа може да се каже дека манифестирала целосна загаденост на воздухот со последици на граѓаните кои сеуште делуваат негативно на нивното психичко физичкото здравје. Причината за овие страшни последици ево погрешно избраната локација, и во застареноста на технологијата, со која се исфрлуваат многу штетни материи во животната средина; во неефикасното функционирање на уредите за пречистување во самата Топилница, во честите хаварии и во неефикасното функционирање на надлежните државни органи во текот на овие децении. Иако повеќе не работи, последиците се огромни по здравјето на живиот свет и се чувствуваат и денес. Топилницата ФЕНИ е исто така еден од водечките загадувачи, а на тоа сме сведоци сите ние.
Биомониторингот претставува мошне ефикасен начин за детекција на емисиите од тешки метали во воздухот. Така се добива релативна слика за загадувањето на животната средина. Глобалната цел на оваа генерација е да се создаде општество во кое големите еколошки проблеми ќе бидат решени.