Бранкица Нестроровска- Лидер на струка 2019 година

Во организација на Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование,на 10.12.2019 година во Скопје се одржа натпреварот„Лидер на струка“. Натпреварот беше организиран за најразлични струки, а во струката-Економија,право и трговија претставена преку четири категории:економски техничар, правен техничар, банкарски техничар и деловен секретар, зеде учество ученичката Бранкица Несторовска под менторство на проф.Слободанка Стојанова и проф.Татјана Ралевска и  го освои првото место во категоријата-правен техничар.Со оглед на фактот дека лидер на струка е кандидатот со најмногу освоени поени од вкупниот број пријавени кандидати во таа струка, Бранкица беше прогласена за лидер на струката Економија,право и трговија. За освоеното прво место во категоријата правен техничар и беше доделена диплома, а сертификатите и наградите на лидерите на најразлични струки ќе бидат свечено доделени од страна на Министерот за образование и наука, Арбен Адеми.

Оваа висока награда и признание се само доказ дека кога се работи посветено, трудољубиво и со многу знаење и вештини се постигнуваат врвни резултати. Ученичката Бранкица Несторовска во своето средношколско образование е вклучена во многу училишни и општествени активности преку кои  училиштето го претстави на највисоко ниво. Тука се наведени некои нејзини активности за кои заслужува највисоко признание затоа што настапува како вистински професионалец, како вистински изградена млада личност, која треба да биде позитивен пример за другите ученици во училиштето.

Зема учество на противпожарниот квиз натпревар на 08.11.2016 год. во група со уште две ученички  од прва година (под менторство на проф.Александар Јорданов) во категоријата јуниори и го освојуваат третото место.

Учествува на државниот натпреварот за спелување по француски јазик под менторство на проф.Светлана Несторова-Мицев, кој се одржа на 02.12.2017 година  во Скопје.

Два пати учествува на МАССУМ на 20.04.2018 година и 12.04.2019 година (под менторство на проф.Љубица Станоевска) во категоријата -најдобар јавен говор  и зборува на тема „Мито и корупција“ и Македонија земја без млади, без иднина“.На натпреварот го освои третото место.

На 25.10.2018 година е вклучена во ораторство“Сите лица на животот“(под менторство на проф.Васка Петкова и проф.Душанка Иванова) и зборува на тема ,,Правата на жените“. Овој   настан  е организиран во чест на професорката Пандорка Јосифова.

На патронатот во 2018 година повторно е вклучена во делот ораторство пред поширок аудиториум со истиот текст.

На 05.06.2019 година е водител на презентацијата на СОУ Гимназија“Добри Даскалов“ пред деветтоодделенците во Домот на културата,со која во најдобро светло е претставено нашето училиште и предизвика внимание кај присутните.

На 08.11.2019 година  заедно со уште тројца ученици од IV-7 клас под менторство на проф.Александра Ристова учествуваа на еднодневниот семинар за ученици од средни училишта на тема „Демократијата и Собранието“, кој се одржа во Едукативниот центар на Парламентарниот институт на Собранието на РСМ. Најпрво преку организирана обиколка го разгледаа свечениот дел на Собранието, а потоа низ видео проекции, работилници и интерактивни презентации ги проширија своите знаења за демократијата, парламентарната демократија и нејзиниот историски развој, за местото и улогата на Собранието, постапката на донесување Закони во Собранието, правната положба на пратениците и сл. На организирана дебата на тема „Полагање државна матура – за или против“, учениците се  ставија во улога на претставници од Министерството за образование и наука и во улога на преставници од студентскиот пленум. Со сериозоен пристап како претставници од МОН ги „уверија“ претставниците од студ

ентскиот пленум дека државната матура има повеќе предности отколку недостатоци.

На 02.12.2019 година  учествува во  врсничка едукација на тема „Здравје за здравјето на младите“, организирана од страна на училишниот психолог Душанка Иванова, по повод одбележување на неделата на борба против СИДА-та. Презентацијата беше наменета за учениците од сите четири години во нашето училиште, а истата е многу поучна и го задржа вниманието на слушателите.

Гимназијата се гордее со вакви  ученици кои се развиваат во личности што денес се  гордост на училиштето,  градот Кавадарци и државата.Млади луѓе кои знаат дека успехот не е случаен, туку е плод на труд, работа, знаење и многу посветеност-истакна директорката  Невенка Поп-Ангелова, честитајќи и го успехот на Бранкица Несторовска од името на сите професори во гимназијата.