Бронзениот медал на Интернационалната олимпијада го вброи Ѓорѓи Шемов меѓу најуспешните во светот
Објавено на: 01.07.2012
Зад широката, топла насмевка и високо развиореното македонско знаме стои бронзениот медал на Ѓорѓи Шемов,ученик од I-3 клас.
Упорноста,работливоста и желбата за успех го однесоа Шемов на Интернационалната олимпијада GENIUS која се одржуваше од 24 до 29 јуни на OSWEGO State University во Њујорк.Универзитетот стар 150 години ги отвори вратите за 240 финалисти од целиот свет.
{qtube vid:=soud60523pw}
Повеќе видео клипови можете да погледнете на официјалната веб страница: http://geniusolympiad.org/
Под менторство на проф.Елизабета Иговска,ученикот Ѓорѓи Шемов изработи проект од областа на екологијата.Темата произлезе од една појава која се однесуваше на целиот тиквешки регион-поморот на рибите во Тиквешкото Езеро.Со цел веродостојно да се прикаже оваа појава се пристапи кон изработка на научен проект кој се темелеше на хемиски и биолошки анализи на водата извршени во ЗЗЗ во Кавадарци.Тоа што теоретски беше претставено во темата светската јавност го виде и во краткиот документарен филм за Тиквешкото Езеро под наслов”Тивко убивање”.Овој проект се натпреваруваше во категоријата GENIUS Art и го освои бронзениот медал откако ги помина сите седум параметри на вреднување.
Со голема верба во сопствениот проект ученикот Ѓорѓи Шемов гордо го носеше логото на гимназија “Добри Даскалов“чекорејќи кон огромниот успех од светски размери.Огромниот труд којшто го вложи во својата работа,љубовта и позитивната енергија го вброија меѓу најуспешните во светот.Ниту за момент не се оддели од македонското знаме кое високо развиорено ја испрати најголемата порака дека неговиот успех вреден за поздравување е голем успех за училиштето,градот и Македонија.