Последни настани

The latest news from the Joomla! Team

Хакатон 2025 година во просториите на ФИНКИ

На 8ми и 9ти Ноември во просториите на ФИНКИ се одржа Хакатон на тема дигитална писменост и безбедност на интернетот. Настанот се организира за првпат во Македонија, под покровителство на Европската комисија преку Digieduhack, со поддршка од mksafenet – Центар за побезбеден интернет. Тука имаа можност да учествуваат и нашите ученички од трета и четврта […]

Хакатон 2025 година во просториите на ФИНКИ Read More »

ПОВИК за учество на  ликовна изложба 

Ученичкиот совет при СОУ Гимназија„ Добри Даскалов“ Кавадарци објавува ПОВИК за учество на  ликовна изложба Добри Даскалов и неговото време По повод патрониот празник на училиштето,  Ученичкиот совет при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци ќе реализира ликовна изложба со наслов  „Добри Даскалов и неговото време“. Право на учество имаат сите ученици во училиштето. Учениците можат да

ПОВИК за учество на  ликовна изложба  Read More »

Зборот што менува светови – моќта на зборот во рацете на младите

На 05.11.2025 година, во кино-салата на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, се одржа ораторска вечер која традиционално се организира веќе осма година по ред, под менторство на професорките Душанка Иванова и Васка Петкова. Настанот беше вистинска вечер за паметење, исполнета со храброст, достоинство, убави зборови и соништа. Младите средношколци, со своите говорнички вештини, на еден уметнички

Зборот што менува светови – моќта на зборот во рацете на младите Read More »

Креативни активности за Halloween

Учениците од трета година, по предметот англиски јазик, под менторство на професорката Александра Кароловска  активно се вклучија во традиционалното одбележување на католичкиот празник Halloween.  Преку низа креативни активности тие подготвија тематски украси со што ја разубавија училиштната атмосфера и внесоа празничен дух. Во рамки на активноста учениците ja покажаа својата имагинација и тимска работа. Настанот

Креативни активности за Halloween Read More »

Избран Дете правобранител во нашето училиште

По упатениот повик за Дете правобранител во месец октомври на кој се пријавија четири кандидати, на 20.10.2025 година во нашето училиште се одржа избор за Дете правобранител. Дете Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето,

Избран Дете правобранител во нашето училиште Read More »

25-ти Октомври Европски ден на правдата

На 25 октомври го одбележуваме Европскиот ден на правдата – ден посветен на вредностите на праведноста, законитоста и еднаквоста. Овој ден потсетува дека секоја држава и секое општество напредува само кога правдата е достапна за сите граѓани. Да се залагаме за чесност, почитување на правата и одговорност – затоа што правдата е темел на мирно

25-ти Октомври Европски ден на правдата Read More »

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛАТА НА МЛАДИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ (1–7 октомври) 

На ден 06.10.2025 година во нашето училиште се одбележа Неделата на младите на Црвениот крст  која традиционално се слави со цел да се поттикне хуманоста, солидарноста и активното учество на младите во заедницата. Наши ученици кои се волонтери во Црвен крст презентираа пред своите соученици за значењето на волонтерската работа, активностите на Црвениот крст и

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛАТА НА МЛАДИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ (1–7 октомври)  Read More »

Избран е претседател на Ученичкиот совет

На 02.10.2025 година во нашето  училиште успешно се спроведоа изборите за претседател на Ученичкиот совет. Оваа година интересот беше голем, за функцијата се пријавија три ученички: Гордана Клинчарова, Тамара Танчева и  Александра Тодорова. Кандидатките  се претставија пред членовите на Ученичкиот совет со своите идеи и планови  и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да се

Избран е претседател на Ученичкиот совет Read More »

Соопштение!

Се известуваат претседателите на заедниците на паралелките (во нивно отсуство заменици претседатели) дека на  ден 02.10.2025 година со почеток во 13:10 часот во училишната кино-сала ќе се одржи седница на Ученичкиот совет со следниот: Дневен ред

Соопштение! Read More »