Последни настани

The latest news from the Joomla! Team

IMG 2002

Реализиран завршен настан од Erasmus+ проектот „Интегрирање на електронското учење во училниците“

Во перодот од 18 до 20 јуни 2017 год. во Охрид се реализираше завршен настан во рамките на Erasmus+ проект од Клучна акција 2 – Соработка за иновација и размена на добри практики, „Интегрирање на електронското учење во училниците “ во организација на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци. Според предвидениот план од проектот беа поканети […]

Реализиран завршен настан од Erasmus+ проектот „Интегрирање на електронското учење во училниците“ Read More »

19403354 1437000053026565 871917729 o

Свечено доделување на наградите од Регионалните и Државниот натпревар по македонски јазик

На 19.06.2017 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје беа свечено доделени дипломите и наградите на учениците и менторите од одржаните Регионални и Државни натпревари за средните и основните училишта. Ученичката Елена Ридова од III година, под менторство на професорката Ристенка Јосифова освои прво место на Регионалниот и прво место на Државниот натпревар.

Свечено доделување на наградите од Регионалните и Државниот натпревар по македонски јазик Read More »

19104964 1566345053405230 313029815 o

Гимназијата го награди класот со најмалку изостанувања со еднодневна екскурзија

Дисциплината и одговорноста им овозможија на учениците од I-1 клас, на 01.06.2017 да поминат еден незаборавен ден во височините на Водно. Гимназијата го награди класот со најмалку изостанувања со еднодневна екскурзија. Учениците најпрво го посетија Водно и беа воодушевени од прекрасниот поглед на главниот град и свежиот и чист воздух, потоа го посетија традиционалното „Македонско

Гимназијата го награди класот со најмалку изостанувања со еднодневна екскурзија Read More »

Photo 6-1-17 10 08 00 AM

Гранд финале на натпреварот Microsoft Office Specialist

На 31.05.2017 во Скопје се одржа Гранд финале на Microsoft Office Specialist натпреварот кој што оваа година повторно се реализира во Македонија. Овој натпревар претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint® од MS Office 2013 или MS Office 2016. Со учество на овој натпревар учениците добија одлична

Гранд финале на натпреварот Microsoft Office Specialist Read More »

0-02-04-ccf26e7db01fadac74476dd88884becd1a5e32c8aa3fb743ebeff324dfb74d3f full

Државен натпревар во тенис

На 30.05.2017 во Кочани се одржа Државен натпревар во тенис. Од нашето училиште земаа учество Игњатов Тома и Петрески Ненад од I-3 под менторство на проф. Блаже Велков. Игњатов Тома го освои второто место и освои сребрен медал.  

Државен натпревар во тенис Read More »

Biologija

Државен натпревар по биологија

На 20.05.2017 година по четврти пат се одржа Државниот натпревар по биологија во просториите на Природно-Математичкиот Факултет, Институт за биологија во Скопје. И оваа година нашите ученици учествуваа на овој натпревар и постигнаа одлични резултати. Анастасија Иловска од I-2 клас освои Второ место, а Стефанија Николова од I-3 клас Трето место под менторство на проф.

Државен натпревар по биологија Read More »

20170523 122230

Отворен ден на гимназијата Добри Даскалов

По промоцијата во основните училишта и презентацијата за полуматурантите „Стани Гимназијалец“ која се одржа во Домот на културата во Кавадарци, нашата гимназија организираше отворен ден за учениците кои сакаат да ја посетат гимназијата, да се запознаат со планот и програмата и активностите што ги реализира училиштето заедно со учениците и професорите. Отворениот ден се одржа

Отворен ден на гимназијата Добри Даскалов Read More »

Реализирана научно-истражувачка екскурзија во прва година до Охрид

На 21 и 22 мај 2017 год. учениците од прва година со своите класни раководители беа на дводневна научно-истражувачка екскурзија до Охрид. Целта на оваа екскурзија е учениците да ги прошират своите знаења и да се запознаат со знаменитостите кои се поврзани со нашата историја. На екскурзијата од вкупно 168 ученици беа 151. Учениците посетија

Реализирана научно-истражувачка екскурзија во прва година до Охрид Read More »

Photo 5-22-17 10 34 07 AM

Богат викенд со награди од Државните натпревари за учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“

Викендот што помина беше богат со награди за учениците од гимназијата „Добри Даскалов“. Во саботата на 20.05.2017 год. беа одржани Државните натпревари по предметите македонски јазик и биологија и беше одржан Државниот наптревар на детски и младински хорови и оркестри. Во Прилеп, беше одржан XXIX Државен натпревар по македонски јазик за средните училишта каде што

Богат викенд со награди од Државните натпревари за учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Read More »

IMG 1554

Државен натпревар на детски и младински хорови и оркестри

На 20.5.2017 год. во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци се одржа Државен натпревар на детски и младински хорови и оркестри во кој земаа учество оркестарот и хорот при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци под раководство на проф. Драган Вељковиќ. Настапот беше успешно изведен пред кавадаречката публика, а стручното жири ги додели следните

Државен натпревар на детски и младински хорови и оркестри Read More »