Склучување на партнерска соработка во склоп на проектот МИО меѓу училиштата „Нико Нестор” Струга и „Добри Даскалов” Кавадарци
На ден 14.04.2016 (четврток) нашето училиште, во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, оствари партнерска соработка со средното стручно училиште „Нико Нестор” од Струга. Оваа средно училиште е мултикултурен центар во кое ученици од повеќе етнички заедници можат да добијат образование кое го посакуваат.



