Учество на финалниот натпревар CodeCup 2018


Објавено на: 05.04.2018

На ден 31.03.2018 година (сабота) во просториите на Универзитетот Св.„Климент Охридски“-Битола во Факултет за информатички и комуникациски технологии во Битола по трет пат се одржа финалниот настан од натпреварот CodeCup 2018- натпревар во програмирање на апликации наменет за средношколци од Република Македонија.

received 1751991201491093

По предходно извршената презентација од претставници од факултетот во нашето училиште, учениците појавија интерес и за истиот се пријави ученикот Крсте Ѓорѓиев од втора година. Учениците можеа да изработат корисничка апликација која може да биде веб страна, игра, едукативна апликација, мобилна апликација или било каква друга апликација. На финалниот настан во Битола од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци учество зеде пријавениот кандидат Крсте Ѓорѓиев ученик од втора година под менторство на проф. Благородна Лазова. Ученикот успешно се претставија со едукативна апликација и истиот ги проширија и размени своите знаења, идеи и искуства во изработката на проекти од овој тип.

20180331 144533

20180331 103048