Продолжува соработката на нашата гимназија со гимназијата Curt Nicolin од Шведска


Објавено на: 03.04.2017

Гимназијата Добри Даскалов успешно ја продолжува започнатата соработка со училиштето Curt Nicolin Gymnasiet од Шведска. Професори и ученици од Curt Nicolin Gymnasiet (cng.se) повторно ја посетија Гимназијата Добри Даскалов каде што директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова им посака добредојде и убав престој во нашето училиште и нашиот град.

Оваа недела ученици и професори од Curt Nicolin Gymnasiet ќе престојуваат во Кавадарци и ќе бидат гости на нашето училиште. Со оваа мобилност учесниците ќе разменат искуства, знаења, ќе се стекнат со нови вештини, ќе комуницираат меѓусебно и ќе работат на заеднички дефинирани активности.

Една од активностите кои што заеднички ја реализираа учениците од двете училишта во градскиот парк во Кавадарци е запознавање преку претставување на традиционални шведски игри.

Photo 4-3-17 11 35 16 AM

Photo 4-3-17 12 35 46 PM

Photo 4-3-17 11 33 27 AM

Photo 4-3-17 11 43 30 AM

Photo 4-3-17 11 54 14 AM

Photo 4-3-17 12 02 41 PM