На 22.09.2015 по повод светскиот ден без автомобили се одржа велосипедска парада. Велосипедската парада беше огранизирана од активот по спорт од гимназијата Добри Даскалов. Спортската активност започна во 11:30 часот со старт од гимназијата и се возеше низ улиците на град Кавадарци. Манифестацијата беше поддржана од Полициската станица кои ја обезбедуваа колоната, воедно беше поддржана и од компанијата Кожувчанка која ги освежи младите учесници со своите производи (сокчиња, чај, вода..).