Идејата секој граѓанин на земјата да засади по едно дрвце – и тоа во само еден ден станува реалност . Акцијата „Ден на дрвото“ денес традиционално се одбележа и со активности на учениците од нашата Гимназија.
Денес, учениците, предводени од класните раководители на локацијата Мелци, со заеднички сили засадија бројни стебленца чемпреси. Акцијата беше спроведена успешно и покрај лошите временски услови, калливиот пат и тешко достапните терени.
Оплеменувањето на опусошените терени со садниците во само еден ден стана убава зелена стварност.