На 30.11.2016 година (среда) во гимназијата „Добри Даскалов“ беше одбележана акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина”. Учениците од I и II година требаше да пошумуваат во месноста Витачево, но заради неповолните временски услови, ниските температури и подмрзнатиот пат, сите ученици од нашата гимназија активностите ги реализираа во училишниот двор.
Учениците од I,II,III и IV година посадија млади садници во дворот околу ново изградениот објект и училишниот двор од задната страна на училиштето. Во активноста се вклучија и класните раководители, предметните наставници и техничкиот персонал од гимназијата. Во одбележувањето на овој ден секогаш активно се вклучени сите ученици и вработени од самиот почеток на оваа акција од август 2007 година.