Ден на франкофонскиот јазик и култура
Објавено на: 21.03.2011
Францускиот јазик има особена долга култура и традиција на светски рамки и се негува и изучува насекаде низ светот, доги векови наназад. 20 март е меѓународен ден на Франкофонијата и се одбележува во сите земји коишто го негуваат и изучуваат францускиот јазик и култура.
Оваа година е особено значајна затоа што е посветена на младите од сите земји и континенти и ќе биде исполнета со најразлични активности коишто ќе бидат насловени под мотото „Гласот на разновидноста“. Со ова мото учениците од нашата Гимназија го одбележаа овој ден и изработија голем плакт, на којшто испишаа одбрана поезија и тектови на француски јазик. Плакатот беше поставен во холот на училиштето каде што можеа сите ученици да го разгледаат и да прочитаат дел од содржините.
Инаку, нашата држава Република Македонија е полноправна членка на Франкофонијата од 1. февруари 2001 година. Меѓународната организација на Франкофонијата се смета за една од најголемите организации во светот, која брои 75 држави или влади (56 полноправни и 19 земји посматрачи) т.е повеќе од 800 милиони жители распослани на сите пет континенти.
Она што ги зближува земјите членки е францускиот јазик како заедничко добро како и други вредности: културната различност, мирот, владеењето на правото, консолидацијата на правната држави и заштитата на околината.