Ден на овошјето и зеленчукот


Објавено на: 17.05.2012

На 16.05.2012 година среда, во гимназијата беше организирана еко- активност со наслов ,,Ден на овошјето и зеленчукот“ согласно програмата на проектот Еко-училиште „Здрава храна за живот без мана“.

Целта на оваа активност беше на учениците да им покажеме колку се важни зеленчукот и овошјето во исхраната, значењето на витамините и минералите во овој период од нивниот живот и зошто е потребно секојдневно да се конзумираат.

ovosje_i_zelenuk_1

Подготовката и реализацијата беше од страна на членовите на еко-одборот и учениците, кои подготвија вкусна овошна закуска, природни сокови, а на „витаминската трпеза“ не изостана и зеленчукот.

На училишното пано подготвено од учениците беа прикажани сите видови на овошје, состојките кои ги содржат и зошто треба да се користат. Подготвената презентација од учениците проследена со тивка музика им го привлече вниманието на учениците во холот и ги натера да размислат како треба да се исхрануваат во иднина и што треба да отстранат од нивното мени.

ovosje_i_zelenuk_2

На таблата која беше поставена веднаш до прекрасната и богата трпеза беа запишани позитивни впечатоци, пофалби и барања за почести дегустации.

Активноста беше спроведена во двете смени и беа послужени сите ученици и вработени во гимназијата.

Успешно реализираната активност и задоволството на учениците е мотив за сите членови на еко-одборот и во иднина неуморно да работат и да подготвуваат слични активности.

ovosje_i_zelenuk_3

ovosje_i_zelenuk_4

ovosje_i_zelenuk_5

Повеќе фотографии во Галерија или директно тука