Денот на учителите – одбележан со трибина во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци


Објавено на: 09.10.2012

На 05.10.2012 година (петок) во просториите на Гимназијата се одржа трибина со проф. д-р Глигор Сиваков со која достојно се одбележа Денот на учителите. Пред преполната кино-сала, професорот Сиваков го истакна значењето на учителот во образовниот процес и воспитувањето на децата.

PA050154

Директорката Поп-Ангелова им се обрати на учениците укажувајќи му дека брзите промени ви општеството влијаат и на наставниот процес, а наставниот кадар треба да ги следи сите промени и да ги имплементира во наставата.

PA050156

Учениците и останатите гости со внимание го следеа излагањето на професорот Сиваков, а потоа се вклучија во дискусијата поставувајќи прашања.

PA050158

Плакат од настанот Денот на учителите можете да погледнете тука