Дете правобранител и промоција на детските права


Објавено на: 20.03.2017

На ден 07.03.2017 година Детето правобранител заедно со неговите заменици организираа отворен ден за учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“ и на забавен и симболичен начин ги промовираа детските права. Активноста се одвиваше за време на големиот одмор кога на учениците им беа поделени чоколади на кои беа испишани нивните детски права. Учениците беа пријатно изненадени и задоволни од ваквиот начин на запознавање со детските права. Детето правобранител и неговите заменици успешно ја спроведоа активноста со која повторно успеаја да ја промовираат и да ја доближат функцијата Дете правобранител до сите ученици од нашето училиште.

 17431563 10210811418935087 1265720477 o

17379743 10210811418255070 543817056 o

17408425 10210811418415074 797943288 o

17431728 10210811417655055 442271619 o

17407790 10210811418015064 206328901 o