Трета Еразмус+ работилница во рамките на проектот DIGITeachEUrope
Објавено на: 30.10.2018
Во периодот од 1. до 6. октомври 2018 год. се реализираше третата Еразмус+ работилница во Линген, Германија со партнерите на нашето училиште во рамките на проектот DIGITeachEUrope – developing digital learning environments for schools in Europe. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа Невенка Поп-Ангелова, Директор, Христинка Косовска, проф. по латински јазик и Богде Коцева – проф. по биологија.
Теми на III работилница од Еразмус+ проектот DIGITe@chEUrope беа изработка на отворени едукативни ресурси и визуелизација.
На работилницата се стави акцент на изработка на отворени едукативни ресурси, видеа и туторијали, определување на темите и методите за креирање на истите, карактеристики на креирањето на објаснувачките видеа, препораки за изработката. Исто така, дел од оваа работилница беше посветен и на визуелизација. Во рамките на работилницата беа претставени и споделени примери од искуство и добра практика, како и предлози за во иднина.