Во текот на месец ноември-декември 2016 година Ученичката/Младинска организација во нашето училиште под менторство на професорката по историја Наташа Матакова го реализира проектот „Еднаквоста е наша инспирација“ со цел подигање на свеста кај учениците против секаков вид на дискриминација. Овој проект е дел на поширокиот проект Дете правобранител, а се реализира во соработка со Коалиција на невладини организации СЕГА.
Во рамките на проектот Ученичката/Младинска организација објави конкурс на тема „Дискриминација-црна точка на бел лист“ за избор на најдобар есеј и најдобра ликовна творба (техника по избор). Можност за учество на конкурсот имаа сите ученици во нашето училиште, а на конкурсот учениците се претставија со 12 ликовни творби и 12 есеи, од кои наградени беа три есеи и три ликовни творби.
За најдобар есеј беше наградена ученичката од четврта година Дијана Николовска, втората награда ја понесе ученичката Милена Триќиќ од втора година, а третата награда ја доби ученичката Сузана Николова од трета година. За најдобра ликовна творба беше наградена ученичката Надица Туриманџова, втората награда ја доби Марија Алексова, а третата Цветанка Ташева, сите ученички во втора година. Во вреднувањето на есеите учествуваа професорите по македонски јазик и литература Катица Манева, Гордана Еленова и Кочо Кочов, а во вреднувањето на ликовните творби учествуваше професорот по ликовна уметност Ванчо Кеков. За потребите на проектот во учелишниот хол се изведе мини изложба каде беа изложени ликовните творби и есеите кои учествуваат на конкурсот. Проектот е финансиран од заеднички средства на Коалиција на младински организации СЕГА и Гимназија Добри Даскалов.
прва награда
втора награда трета награда