Во рамките на проектна активност по хемија учениците од IV година ПМБ подрачје заедно со проф. по хемија Даница Пецова рачно изработија домашни сапуни. Овие сапуни се 100% природни, без вештачки бои, парабени и конзерванси. Изработени се со ладна постапка на сапунификација со што маслата ги задржуваат природните својства. Процесот на сушење е на природен начин во текот на 4-6 недели. Сапуните се изработени од маслиново масло со додатоци од цимет- млеко и какао – кокос. Во пресрет на новогодишните празници овие рачно изработени сапуни учениците ќе им ги подарат на децата со посебни потреби.