ДОНАЦИЈА ЗА БИБЛИОТЕКАТА ПРИ ГИМНАЗИЈАТА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“ КАВАДАРЦИ
Објавено на: 27.10.2023
Донацијата е од проф.д-р Ангел Ристов, професор на правниот факултет “Јустинијан Први”
Почитувани,
ми претставува посебно задоволство што денес нашата гимназија ја посетија: претседателот на Институтот за правно – економски истражувања lurdica Prima проф. д-р Ангел Ристов, претседателот на Општинскиот суд во Кавадарци г-динот Лазар Нанев и градоначалникот на Општина Кавадарци г-динот Митко Јанчев.
Целта на посетата на професорот Ристов беше од благороден карактер, на училишната библиотека да и подари одреден број на книги за потребите на учениците, посебно од правниот смер. Од оваа гимназија имаат излезено голем број на успешни правници, адвокати и судии кои работат во голем број државни институции, меѓу кои е и претседателот на Општинскиот суд г-динот Лазар Нанев.
Благодарност до проф. д-р Ангел Ристов!