Древни вредности и природни убавини на нашата Македонија


Објавено на: 30.10.2011

Во рамките на Годишната програма на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, за учениците од прва година во оваа учебна година се испланирани две еднодневни екскурзии (есенска и пролетна). Екскурзиите се со воспино-образовен и рекреативен карактер, според однапред изготвен акционен план за организирање и реализирање на ученички екскурзии.

Под мотото „Откриј ги историските вредности и природните убавини на нашата Македонија“ есенската екскурзија беше рализирана на 19 октомври (среда).

 

Eksurzija_10-2011_1Со организиран превоз учениците предводени и организирани од нивните класни раководитли се упатија кон манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски, кој се наоѓа во близина на Крива Паланка и е најголем на територијата на Македонија по својата содржина.

Eksurzija_10-2011_2

Посетата на овој манастирскиот комплекс сите не плени со својата древност и духовна и историска вредност. Сместен е во прекрасните шуми на Бабин Дол, на 825 метри надморска височина. Основан е уште во XII век, познат по името Сарандопор – по местото каде што е граден. Бил разрушен од земјотрест во XVI век, но повторно е обновен. Комплексот има две цркви, Св. Јоаким Осоговски (XIXвек) и Св. Богородица која е обновена во XIV век, со стари и нови конаци, писарница, лебарница, амбари за ориз и жито кои денес се реновирани и пренаменети во апартмани. Се претпоставува дека под темелите на Главниот храм посветен на Св. Јоаким Осоговски се наоѓа стариот храм на Св. Јоаким Осоговски. Но оваа претпоставка археолошки (научно) не е докажана.

Eksurzija_10-2011_3

На учениците особено им го привлече вниманието најстариот објект во манастирскиот комплекс, малата црква на Рождество на Пресвета Богородица, градена врз темели на црква градени во XI – XII век, со впечатливост и оригиналноста на градба во византиски стил. Црквата е една од првите средовековни цркви кај нас, живописани во најново време.

Eksurzija_10-2011_5

Околината во која се наоѓа манастирот е прекрасна. Природaта и чистиот воздух го прават ова место совршено за одмор и релаксација. Поради ова, тука често се одржуваат семинари, симпозиуми, ликовни колонии и разни други собири. Манастирот се наоѓа во најпривлечните (топ 10) места за туристички престој во светот.

Eksurzija_10-2011_4

 

На враќање го посетивме Парк Гиновци. Овој комлекс зафаќа површина од вкупно 5 хектари и се состои од ресторан, езеро, мини ЗОО, детско игралиште, мало црквиче и бунгалови. Тука сите уживавме во убавиот амбиент. Ресторанот има богато мени, со најразлични специјалитети и традиционални јадења. Околу езерото има пешачка патека и прекрасна природа.

Eksurzija_10-2011_6

Екскурзијата беше навистина убава промена и прекрасно доживување за учениците. За еден ден, тие се раздвижија и се исполнија со многу нови   сознанија. Но, најважниот сегмент секако беше другарувањето, кое беше на највисоко ниво.