Државен натпревар по информатика


Објавено на: 29.03.2015

На 28 март 2015 година во организација на Здружението на информатичарите на Македонија во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје се одржа XXVI Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Македонија.

2015-03-28 09.52.26

Настанот го отвори претседателот на ЗИМ проф. д-р Миле Јованов.  На натпреварот учествуваа најдобрите 95 ученици од основното и средното образование, избрани од учесниците на одржаниот регионален натпревар. 

Свеченото отворање на настанот се одржа во амфитеатарот на Технолошко – металуршкиот факултет. 

Нашето училиште учествуваше на регионалниот натпревар со вкупно 10 натпреварувачи, а според освоените поени од регионалниот натпревар двајца ученици Душко Клинчаров IV-2 клас и Горан Митров IV-2 клас, под менторство на проф. по информатика Зоран Милевски, беа поканети да учествуваат на Државниот натпревар.

Во последните неколку години конкуренцијата на овие натпревари по информатика е се поголема. И покрај големата конкуренција ученикот Душко Клинчаров IV-2 клас освои стипендија за бесплатно студирање на ФИНКИ.

2015-03-28 17.40.30

Во рамките на натпреварот се организира и работилница на тема „Активности на ЗИМ поврзани со наставни програми по информатика. Доусовршување на наставниците“, презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ и предавање на тема „Роботика на ФИНКИ“ од проф. д-р Невена Ацковска. 

10329323 842052405843040 3388595620662203829 n