Државен натпревар по математика и македонска математичка олимпијада

На ден 15.08.2020 година, на Природно – математичкиот факултет во Скопје, се одржа државен натпревар по математика. На натпреварот , под менторство на професор Фиданка Илова, зедоа учество следниве ученици: Мајкл Георгиевски и Бошко Бошков.

  • Мајкл Георгиевски освои I (прва)
  • Бошко Бошков  освои II (втора) награда

Со овој успех тие добија можност да учествуваат на Македонската математичка олимпијада (ММО) , која се одржа на 29.08.2020 година во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје.

Ученикот Бошко Бошков се здоби со бронзен медал, а ученикот Мајкл Георгиевски доби благодарница за учество.