Државен натпревар во скијање
Објавено на: 25.02.2012
По повеќе годишна пауза, скијањето повторно се вклучи во кругот на училишни спортови. На 24. февруари 2012 година, на Пелистер на патеката Копанки се одржа Државното првенство за учениците од сите основни и средни училишта.
Стотина ученици се обидоа да ги покажат своите вештини во скијање, во дисциплината велеслалом. Меѓу нив имаше и осуммина кавадарчани, од кои шестмина беа од гимназијата „Добри Даскалов“.
Иако конкуренцијата беше доста силна, нашите претсавници успеаа да се искачат на достојно место на табелата. Ученикот Ефтимчо Трифунов го освои 7. место, додека Валентина Колева се избори за 6. место. Одлични успеси имаа и Крсте Тодоров, Васко Колев, Бојан Каров и Цветанка Трифунова.
Секако, се надеваме дека оваа манифестација традиционално ќе се одржува секоја година и ќе претставува стимул за многу идни дружења и забави кои може да ги понуди само белиот спорт на ски – патеките.
Повеќе фотографии во Галерија или директно тука