На ден 17ти Ноември се одржа Државен натпревар за средни училишта по пинг-понг во Прилеп.На натпреварот земаа учество 30 машки и 15 женски.
Гимназијата „Добри Даскалов“ под менсторство на проф. Блажо Велков зема свое учество. Во натпреварот учествуваа ученици од прва година-Александар Стојанов и Мартин Гогов и од втора година-Ненад Петрески и Добринка Сотирова.
Ученичката од втора година Добринка Сотирова се закити со сребрен медал, играјќи во финалето се пласира на второто место. Добринка Сотирова е член на пингпонгарскиот клуб „Градба Промет“- Кавадарци и има учествувано на државни и балкански првенства, претставувајќи ја Репрезентацијата на Македонија и освоено многу награди на државни првенства и меѓународни турнири.