Две трети места на натпреварите по македонски јазик и литература
Објавено на: 28.05.2015
Во рамките на Државниот натпревар по македонски јазик и литература на 16. 5 2015 година во Гимназијата Алгоритам – Скопје беше одржан Државниот рецитаторски натпревар. Гимназијата „Добри Даскалов“ – Кавадарци ја претставуваа учениците од IV година: Душко Клинчаров и Драган Кабранов, под менторство на професорката по македонски јазик и литература Катица Манева. Ученикот Душко Клинчаров доби пофалница, додека ученикот Драган Кабранов го освои III место.
Второто трето место во категоријата литература ù припадна на ученичката Теодора Грнева од III година на наградниот конкурс за најдобар есеј „Ацо Караманов“, под ментороство на професорката Гордана Еленова.
На учениците и нивните ментори им беа доделени дипломи и пофалници за освоените места.