Регионалeн натпревар по физика


Објавено на: 16.04.2011

Регионалниот натпревар по физика за средното образование се одржа на 16. 04. 2011, во Скопје, на Природно-математичкиот факултет.

На натпреварот имаше над стотина натпреварувачи, меѓу кои беа и ученици од прва, втора и трета година од нашето училиште. Роберт Иванов, ученик од прва година, под менторство на проф. Христина Крстева освои втора награда. Додека учениците Васко Лалков и Љупчо Петров од втора година, под менторство на проф. Илија Ганчев, се пласираа за Републичкиот натпревар по физика, кој ќе се одржи на 14. 05. 2011 на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

zgrada_pmf