Edukativen_kapm_Trgovija_so_luge

Едукативен камп на тема „Трговија со луѓе“

Во периодот од 10 до 17 јули 2011 година, во Србија се одржа камп на темата „Трговија со луѓе“ каде што учествуваа ученичките- волонтери: Моника Петковска III-2, Велика Темова III-4 и Зорица Ташева II-1.

Кампот се одржа во детското одморалиште Чардак, близу Ковин. Едукативните содржини се реализираа и креираа преку квалитетни работилници и предавања коишто им овозможија на учесниците да стекнат знаења и искуства на оваа тема. Најуспешните работилници беа реализирани преку игри за размислување, со цел да се сфати понижувачката и трагична состојбата на жртвите, фатени во канџите на трговците со луѓе.

Edukativen_kapm_Trgovija_so_luge

Гости на кампот беа две млади дами, вработени во организацијата „АТИНА“ којашто им помага на жените кои се жртви во трговијата со луѓе, и им нуди целосна заштита и поддршка. Исто така, оттаму им се нуди сигурен дом, здравствена заштита и психолошка помош. Со својата несебичност и храброст, тие споделиле многу тешки животни страдања и стекнале богато искуство кое го пренесуваат, за да му се застане на патот на ова зло.

Ученичките-волонтерки се здобија со уверенија дека присуствувале на кампот. Додека стекнатото знаење и искуство ќе им послужи да им го пренесат на младите ученици од Кавадарци, преку работилници кои ќе се организираат низ основните, средните училишта и во просториите на Црвениот крст од Кавадарци.