Едукативна работилница на Младински центар Креактив и наши ученици

На 15.03.2016 година во просториите на нашето училиште се одржа работилница од стана на членовите од Младинскиот центар „Креактив“ заедно со нашите ученици.

Раболтиницата беше на тема „Расна дискриминација“ која е дел од активностите по поводот одбележувањето на 21 мај Меѓународниот ден против расизмот.

Координаторот на проектот Александра Ристова и нејзиниот асистент Елена Данова заедно со волонтерките од Естонија и Франција и учениците од II-5 клас реализираа прекрасна активност којашто ги заинтересира учениците и ги мотивира активно да се вклучат во дискусии, дијалози, размислувања и објаснувања на оваа тема.

Учениците внимателно ги следеа упатствата и препораките од одговорните лица, концентрирани на поставените прашања даваа сопствени ставови и несрамежливо ги искажаа своите размислувања.

Членовите на Младинскиот центар „Креактив“ беа многу задоволни од одржаната работилница, а исто така и учениците кои изразија желба повторно да учествуваат во вакви или слични работилници.

Се надеваме дека нашата повеќегодишна соработка со „Креактив“ ќе продолжи и во иднина.