Еколошка акција за денот на екологијата
Објавено на: 25.03.2016
На 21.03.2016 година (понеделник) по повод одбележувањето на 21 март – Денот на екологијата и пролетта во нашето училиште беше организирана еколошка акција.
Во акцијата учествуваа учениците од гимназијата заедно со своите класни раководители и предметни наставници. Еколошката акција беше реализирана во училишниот двор и истата беше наменета за целосно чистење на дворот.
Учениците и наставниците беа распоредени по претходно изготвен распоред во две смени. Учениците со метли и соодветен алат за работа ги исчистија: дворот кај влезот на учениците, дворот од службениот влез во училиштето, спортските игралишта и надворешните тротоари. Собраниот смет од суви листови, гранки, хартија, пластични предмети беше собран во вреќи за отпад и однесен до контејнерите.
Се надеваме дека вакви исти или слични акции ќе се реализираат повеќе во иднина со цел почиста, поздрава и побезбедна средина за живеење.
Благодарност до сите ученици и наставници за успешно реализираната еколошка акција.