Екскурзија за најредовните ученици


Објавено на: 06.02.2012

Редовноста во наставата е еден од поважните фактори за постигнување на солиден успех и стекнување на трајни знаења во учењето. За да се истакне овој важен сегмент, а и да продолжи и да се следи, Наставничкиот совет на крајот од првото полугодие од оваа учебна година, предлогот на дирекоторката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова најредовните учениците да бидат наградени, едногласно го прифати со одобрување.

Krusevo_31-1-2012_1

За учениците кои немаат изостаноци, професорите, заедно со директорката на гимназијата, Невенка Поп-Ангелова на 31.01.2012 г., успешно организираа еднодневна екскурзија во Крушево, на првиот ден од изградбата на снежениот град. Овој настан беше под покровителство на  СОУ  „Наум Наумовски-Борче“ во Крушево, со коешто нашето училиште има плодна соработка.Krusevo_31-1-2012__2
Снежниот амбиент и добрата организација и комуникација помеѓу училиштата вроди со плод, па така во центарот на градот Крушево изникнаа неколку снежни куќички, изградени со рацете на учениците. Меѓу гостите имаше и други средни училишта коишто исто така беа вклучени во изградбата на снежниот град.  
Целта на ова случување беше заедничкото дружење како и стекнување на нови пријателства и искуства. Истовремено се надваме дека во иднина ќе ги мотивираме учениците да бидат што поредовни во наставата, а наградните екскурзии за редовност планираме да станат училишна традиција.Krusevo_31-1-2012_4