IMG 0403

Електронско учење во училниците – Erasmus+ проект на гимназијата

СОУ Гимназија Добри Даскалов  како партнер на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев” започнуваат со проектотот „Интегрирање на електронското учење во училниците”, кој го доби преку Еразмус плус програмата.

Партнери им се: Техничкиот универзитет од Софија, Градежниот училишен центар „Здравко Цветковски” од Скопје, Втората јазична гимназија во Софија и гимназијата „Курт Николин” од Шведска.

Целта е да се зголеми знаењето на вработените во средните училишта во користењето на информатичките технологии во наставата, преку примена на електронското учење и креирање на дигитални содржини во форма на онлајн отворени образовни ресурси.

На првата средба на 17.09.2015 година во Штип присуствуваа координаторите и асистентите од сите партнерски образовни институции. Од нашето училиште присуствуваа Директорката Г-ѓа Невенка Поп-Ангелова и професорот по информатика м-р Зоран Милевски. Нивните очекувања се да се направи подобра соработка, развој, размена на искуства, зголемување на компетенциите за примена на ИКТ во наставата.

 {qtube vid:=Xk9hzKiNVzw}

Исто така  со овој проект  ќе развиеме и отворени едукативни ресурси во облик на презентации, мултимедија, филмови, фотографии и текстови се што може да се примени за одреден број на предмети, кои се исти за сите. – рече Доцент д-р Зоран Здравев, професор по информатика на Штипскиот универзитет и раководител на одделението за е-учење, кој е главниот иницијатор и координатор на проектот.

IMG 0403

Во рамките на проектот од Еразмус програмата предвидени се четири обуки, преку кои наставниците од средните училишта, кои се партнери во проектот, ќе се обучат за користење на Информатичко комуникациските технологии во рамките на наставните програми, а училиштата ќе добијат напредна наставна методологија, со што на учениците ќе им биде полесно електронското учење, а студентите ќе можат да користат лекции кои ќе бидат посовремени и полесни за користење. Проектот „Интегрирање на електронското учење во училниците” ќе трае 30 месеца, а буџетот му изнесува 202.000 евра.

IMG 0426