Да бидеш гимназијалец значи да бидеш успешен,да имаш остварени соништа и општествени мисии.Со театарската претстава „Татковиот дом“-адаптација на текст на Горан Стефановски, гимназијалците донесоа култни реплики,сценска игра,моќни сцени и незаборавно театарско доживување.Присутните во салата со громогласен аплауз им се заблагодарија за сите емоции кои им ги подарија,за цела професионалност со која го оживаеја текстот на сцената.Гордост се на нашето училиште и целиот град.Дел од учениците оваа година го завршуваат средношколското образование,а овие неколку години ги видовме како храбри оратори,успешни рецитатори,учесници во повеќе кратки видеа со кои освојуваа највисоки државни награди,во првонаградениот филм „Роза на асфалтот“,во бројни театарски претстави.Ги видовме на сцените во државата и странство како високо ги креваат наградите и искрено се радуваат.Но најважно од се е што ги видовме како големи хуманитарци кои секогаш беа подготвени да помогнат. Пораката која овие млади луѓе ја испратија е дека нема ништо посвето на светот од татковиот дом,од почитта и љубовта во него.Низ какви времиња и да се минува силата секогаш е во сплотеноста на семејството.Светлината на свеќите симболично ја донесе храброста да се истрае,да се издржи и тогаш кога се мисли дека е најтешко.Свртеноста кон коренот,кон своето,кон македонското ја одбележа театарската игра испраќајќи го гласот на една младост која чекори кон нови животни поглавја и успеси.Останува долго да се памети изведбата и да ја чуваме како драг спомен во најтоплиот дел од нашите срца.
