ЕНО ден за засадување дрвја


Објавено на: 21.09.2011

Група ученици од прва година на 20. 09. 2011 година, во организација на професорките по биологија Елизабета Иговска и Богде Коцева засадија зимзелени дрвја во училишниот двор. Еко акцијата ја овековечија со фотографија и со тоа се вклучија во „ЕНО ден за засадување дрвја“ (ENO Tree Planting Day) што се организира двапати годишно, во месеците мај и септември.

Со ова нашето училиштето за првпат се вклучи во ЕНО програмата, во која учествуваат училишта од целиот свет. Целта на оваа светски ориенитрана програма е да се засадат 100 милиони дрвjа до 2017 година.

Eno_programa_20-9-2011