Erasmus +


Објавено на: 15.12.2022

Во периодот од 28.11-03.12.2022г. нашето училиште СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” Кавадарци зема учество во работилница за Еразмус + проектот European DIGI-CLASS во Романија. Работилницата се одржа во средното училиште Colegiul Tehnic Edmond Nicolau, во градот Фокшани, Романија и во неа учествуваа Драган Вељковиќ, проф. По музичка уметност, Костадинчо Петров, проф. По економски предмети, учениците Јован Николов и Борис Минчев од трета година и Благица Рамова и Розана Ангелова од втора година. Присуствуваа и учесници од другите училишта-партнери: Stredna priemyselna skola Povazska Bystrica од Повашка Бистрица, Словачка, 15 Temmuz Sehitler Anadolu Lisesi од Кастамону, Турција, ITIS Polo Tecnico Fermi-Gadda од Неапол, Италија и Budapesti Komplex Szakképzési Centrum Pogány Frigyes Szakgimnáziuma од Будимпешта, Унгарија.

Во текот на работилницата, нашите ученици ги претставија училиштето, градот, културата и земјата од која потекнуваат, како и образовниот систем во нашата држава. Исто така презентираа презентации за веб-алатка од областа на наука за физиката и како практично и активно да ја применуваат во наставата.

Целта на овој Еразмус + проект е училиштата-партнери да ги подобрат технолошките компетенции на учениците и професорите и да пронајдат информации за интерактивни извори за подобра подготвителност за овој проект, со што би се зголемил интересот и успехот научениците во наставата.