Успешно реализиран Erasmus+ проект со училиштето Curt Nicolin Gymnasiet од Шведска


Објавено на: 23.05.2015

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци во месец јануари 2015 година започна соработка со училиштето Curt Nicolin Gymnasiet од Шведска. Соработката започна со потпишување на „Letter of agreement“ од страна на директорите на двете училишта.

Активностите од проектот се реализираа во периодот од 22 април 2015 година до 08 мај 2015 година кога ученици од Шведска со нивните наставници-ментори престојуваа во нашиот град и заедно со нашите ученици и наставници се вклучија во изработката на проектот од Erasmus+ програмата.

2015-04-21 13.15.38

Со големо задоволство и многу позитивна енергија учениците ги започнаа активностите кои се состоеја од најразлични задачи. Во проектот беа вклучени вкупно 52 ученика, од кои 18 ученици од училиштето од Шведска и 34 ученици од нашето училиште.

Учениците работеа со целосна поддршка и менторство од: Невенка Поп-Ангелова-Директор на гимназијата, Александра Ристова-помошник директор, Кочо Кочов-проф.по македонски јазик и литература, Зоран Милевски-проф.по информатика, Богде Коцева-проф.по биологија, Јасминка Ризова-педагог и Мики Камчевски-проф.по историја. 

2015-04-21 13.16.07

Согласно проектот се посетија вкупно 11 фирми во градот и околината кадешто се снимаше видео материјалот за истражување на пазарот на трудот во нашиот град и околината. За успешно спроведување на активностите сите ученици-учесници во проектот беа поделени во 6 работни тимови. Тимовите беа со мешан состав, односно формирани со ученици од Македонија и Шведска.

На 07 мај 2015 година во хотел „Фени“ во Кавадарци се одржа и финалниот дел од проектот, односно прикажување на сите снимени филмови за фирмите од градот и околината. На крајот од оваа програма следуваше доделување на сертификатите на сите учесници во проектот, како и прогласување на најдобрите тимови и доделување на наградите.

2015-04-27 10.54.02

2015-04-27 10.54.24

2015-04-27 10.54.42

2015-04-27 10.57.03

20150507 132914

Покрај работните задачи, учениците и наставниците беа присутни и на некои од наставните часови во нашето училиште со што се оствари и размената на искуства и идеи од воспитно-образовниот процес.

Беше организирана и посета во црквата „Св.Димитрија“ во Кавадарци, како и посета на Музеј – Галеријата во Кавадарци со кратка програма и мала закуска од традиционални јадења, со што гостите се запознаа со културата, традицијата и историското минато од нашиот крај.

IMG 5144

IMG 5151

IMG 5160

Со проектот се овозможи стекнување на позитивни искуства, едукација, тимска работа, подобрување на комуникациските вештини и соработка, запознавање со различните култури, правилно насочување во понатамошното образование и идната професија, размена на идеи и искуства од воспитно-образовниот процес, афирмирање на нашето училиште, град и држава.

Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина со други активности и проекти, но не само со училиштето од Finspång – Шведска, туку и со други средни училишта од нашата земја и од странство.