Реализирана Erasmus+ работилница во Полска во рамките на проектот DIGITeachEUrope
Објавено на: 02.04.2019
Во периодот од 25 до 30 март 2019 год. се реализираше Erasmus+ работилница во Полска со партнерите на нашето училиште во рамките на проектот DIGITeachEUrope – developing digital learning environments for schools in Europe. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа директорката Невенка Поп-Ангелова, Христинка Косовска, проф. по латински јазик, м-р Зоран Милевски – проф. по информатика и Благородна Лазова – проф. по информатика.
Zespół Szkół Ponadgimnazjalnych w Sierakowicach во Sierakowice, Полска беше локацијата каде што се реализираше средбата и работилниците со партнерите од Ludwig-Windthorst-Haus, Katholisch-Soziale Akademie, Kompetenzzentrum für Lehrerfortbildung, Линген, Германија, Clara-Schumann-Gymnasium Dülken, Viersen, Германија, PJG PITAGORA, Сплит, Хрватска и Zespół Szkół Ponadgimnazjalnych w Sierakowicach, Sierakowice, Полска.
Во рамките на работилниците беа претставени повеќе техники на учење меѓу кои Collaborative problem solving, Modern classroom, т.н. Escape Room, повеќе дигитални ИКТ алатки за подобрување на начинот на пренесување на знаење на учениците и поголема нивна мотивација и вклученост во обработката на новата наставна материја, како и утврдување на претходно наученото. Дополнително беше реализирана и 8 часовна работилница од тим претставници од глобналната организација Design for change, која што го култивира „Јас можам“ начинот на размислување кај децата.
Во текот на периодот што следува сите партнери, користејќи концепти за ефективно предавање и учење, ќе креираат отворени едукативни ресурси и ќе биде креирана посебна платформа каде што тие ќе се споделуваат. Со тоа ќе се овозможи зголемување и подобрување на материјалите за учење кои што ги користат наставниците на своите часови, а учениците ќе добијат палета на корисни едуктативни содржини, креирани со најнови алатки кои обезбедуваат поголемо усвојување на материјалот со користење на успешни методи и поголема интеракција на учениците во процесот на совладување на едукативни содржини.