Евакуација на ученици во случај на пожар


Објавено на: 22.03.2023

Успешна показна вежба беше реализирана на 24.03.2023 година (петок)  во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци. Сирената алармираше за пожарот. Учениците беа навреме евакуирани. Волонтери на Црвен Крст Кавадарци помагаа на повредени, а за кратко време пристигнаа екипите на против пожарната единица и на брза помош кои дејствуваа професионално. Вежбата ја следеа учениците и вработени во училиштето, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Локалната самоуправа,ЦУК и ТППЕ.

Ваквите вежби имаат за цел да се едуцираат учениците како треба да се однесуваат при пожар или друга елементарна непогода.

Оценката од сите присутни е дека вежбата беше успешно спроведена.